В Младинскиот културен центар вечерва во 20 часот ќе се одржи претставата „Трагедијата на тигарската буба“, последна премиера на Скопје танцовиот театар за 2019 година. Претставата е во кореографија на гостинот-кореограф од Берлин, Германија, Јотам Пелед, кој за претставата ќе каже: „Во „Трагедија на тигарската буба“ го истражуваме човекот кој е изгубен во огромниот број информации: парализиран, збунет, на работ на распад, сонувајќи за исклучување.
Играјќи помеѓу комичното и трагичното, оваа физичка театарско-танцова претстава сугерира гротескен универзум каде вредноста на животот и смртта се губи низ бројките.“
Во претставата настапуваат танчерите на Скопје танцов театар: Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса и Џорџа Лили (стажантка од Италија) и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“: Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Бобан Русески, Исидора Краљевска, Борис Богдановски, Ивана Балабанова и Дамла Пинар Башар (Турција).
Јотам Пелед е исклучително талентиран танчер и кореограф, кој својата танцова едукација ја добива во Тел Авив, Израел, каде изучува современ танц, капоира, акробатски танц и физички театар. Во перидоот од 2012 до 2019 година како дел од различни танцови компании настапува во Израел, Кина, Германија, Фракција, УСА, Данска и Луксембург. Во периодот од 2015 до 2019 година автор е на седум кореграфии кои се изведуваат во Луксембург, Германија, Тајланд и Израел. Јотам Пелед од 2015 година живее во Берлин, Германија, а добитник е на награда како млад кореограф и работи нова продукција за операта во Хановер. Во 2019 година е селктиран за „Танцлаб#19 “во „Grand Theatre Luxembourg“, во процес во кој работи под менторство на извонредниот, светски познат кореограф Хофеш Шехер.