Турција би можела да ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите на САД за воведување санкции за Анкара и неодамна донесената резолуција на американскиот Сенат, со која ерменскиот масакр пред еден век беше прогласен за геноцид. Тоа го најави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Треба да преземеме таков чекор … Доколку е потребно, заедно со нашите делегации, ќе ја затвориме базата Инџирлик – изјави Ердоган за телевизијата Хабер.
Тој додаде дека Турција, исто така, може да ја затвори радарската база Куреџик доколку е потребно.
– Ако ни се закануваат со примена на тие санкции, секако дека ќе одговориме – нагласи турскиот претседател.
На 12 декември американскиот Сенат усвои резолуција со која се признава масакрот врз Ерменците извршени од отоманските Турци пред еден век како геноцид