Шилегов: Не беше залудна борбата, доаѓаат 33 автобуси на гас во февруари ВИДЕО

475

 

Не беше залудна борбата за промени, покажавме дека можеме повеќе, изјави Петре Шилегов на денешната трибина „На прав пат“ на СДСМ во Скопје.

– Со вашата поддршка од пред две години успеавме чекор по чекор Скопје да го претвориме во успешна приказна. Но, приказната не завршува овде. Најдоброто допрво доаѓа – рече Шилегов и најави решение на проблемот со аерозагадувањето, како и изградба на Универзалната сала.

– Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас – најави Шилегов.

– Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици – рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.

Со новите еколошки автобуси се очекува годишно да се заштедат 25.000 евра за гориво, во споредба со двокатните кинески автобуси. Новите автобуси ќе имаат влијание и врз намалувањето на аерозагадувањето во градот бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.

Bо салата „Борис Трајковски“  во тек е граѓанската трибина „На прав пат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...