„Везилка 2011“ ја објави најновата книга на словенечкиот филозоф со светска репутација ,,Да се почне од почеток“.
Книгата донесува основен поглед на перцепцијата на авторот на општественото и политичкото.
Неговото главно оружје и сила е неговиот стил: мешавина на психоанализата на Жан Лакан, филозофијата, секојдневната патологија, бројните примери на нкнижевноста, филмот, кладичната музика, политиката, спортот, физиката, популарната наука. И пред сѐ шегите.
Жижек е еден од ретките автори кој може да ги претстави тривијалните, банални поими на нетривијален начин, нив да ги поврзе најјасно и разбирливо со најзамрсени спекулативни филозофски и психоаналитички проблеми.