Кина го поздрави прелиминарниот трговски договор со САД

Кинески експерти и медиуми, како и владини претставници, рекоа дека договорот ќе ја намали неизвесноста за компаниите, барем краткорочно.

100

Кина денеска позитивно го оцени првиот чекор во склучувањето трговски договор, со кој се намали интензитетот на трговската војна со САД.

Кинески експерти и медиуми, како и владини претставници, рекоа дека договорот ќе ја намали неизвесноста за компаниите, барем краткорочно. Сепак, тие задржаа одредена резерва, велејќи дека двете страни ќе треба да покажат подготвеност за компромис за да ги надминат подлабоките разлики меѓу нив.

– Во најмала рака, ситуацијата ќе се стабилизира и ќе ги постави темелите за следната рунда трговски преговори за идното укинување на дополнителните тарифи. Не можам да предвидам што може да се постигне во идните разговори – рече професорот по економија на Пекиншкиот универзитет Ту Синкуан.

Двете земји вчера објавија дека е постигната „прва фаза“ од договорот, според кој САД ќе ги намалат тарифите, а Кина ќе купува повеќе американски земјоделски производи. Договорот опфаќа и интелектуална сопственост, трансфер на технологија, финансиски услуги и решавање спорови.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...