Телекомуникацискиот оператор Вип од утре ќе обезбеди иницијално решение за мрежно покривање за своите корисници на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, а веќе интензивно работи на обезбедување на перманентно квалитетно мрежно покривање.
Со завршувањето на градежните работи кои се изведуваа на делницата, како и достапноста до отежнатиот предел во околината, веќе се овозможува пристап на тимот на Вип за интензивна акција за поставувањето на перманентно квалитетно покривање.
Во меѓувреме, Вип обезбеди солуција со која се овозможува првовремена покриеност на дел од автопатот, со цел непречена комуникација на своите корисници на новоизградениот дел.
Со ова Вип ја покажува својата посветеност кон подобрување на својата инфраструктура и овозможување на подобро корисничко искуство на своите корисници.
Вип продолжува да ги информира своите корисници за секоја нова активност на новата делница Демир Капија – Смоквица.