Фон дер Лајен: Брегзит не е крај, туку почеток на одлични односи со Велика Британија

89

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека ЕУ очекува Велика Британија да ја напушти Унијата на 31 јануари.

Таа му честиташе на британскиот премиер Борис Џонсон на „јасната победа“ на вчерашните предвремени избори.

ЕУ лидерите го повикаа Лондон што побрзо да ја ратификуваат Спогодбата за повлекување и да почнат преговорите за идните односи.

– Велика Британија ќе стане „трета земја“, но ќе изградиме единствено партнерство. Брегзит не е крај на нешто, туку почеток на одлични односи меѓу добри соседи – потенцираше претседателката на Еврокомисијата.

ЕУ се надева дека од 1 февруари ќе се создадат услови за почеток на преговори за идното „блиско и единствено“ стратешко партнерство со Велика Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...