Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на месецов јавно да бидат објавени сите постапки за субвенционирање на инвертерите.
Во тек е дебатата за предложеното законско решение во Парламентот по што се очекува ЕСМ да почне кампања со која ќе ги информира граѓаните за деталите.
– Собраниската Комисија во Парламентот дебатира за законското решение кое значи репорограм за да може да се алоцираат средства во Буџетот и да се пуштат кон општините. Со пуштањето на средствата кон општините, ЕЛЕМ сегашно ЕСМ ќе почне кампања за да може да ги информираме граѓаните каде да аплицираат, кој се може да аплицира – рече Заев по означувањето на почетокот на градежните активности за проширување на булеварот „Никола Kарев“ познат како Пластичарска улица.
Според премиерот, се аплоцираат сериозни пари, а целта е тие да дадат вистински ефекти.