Џонсон: Велика Британија ја напушта ЕУ – без ако и ама!

127

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари, истакна денеска британскиот премиер Борис Џонсон, по убедливата победа на изборите.

– Ќе завршиме со Брегзит на време, до 31 јануари, нема ако, нема ама, нема можеби, истакна Џонсон во обраќањето пред приврзаниците во Лондон.

Тој дополни дека освоеното најголемо конзервативно мнозинство од 80-те години значи потврда дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ претставува волја на граѓаните.

Според најновите податоци од изборите во Британија, конзервативците на Џонсон освоија најмалку 363 мандати од вкупно 650 пратенички места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...