Денеска често се користи изразот супер-храна, а никулците се токму тоа. Со нив ќе добиете изобилие од витамини и минерали, а ниту ви требаат многу пари, ниту труд ниту пак се губи многу време.
Семето е полно со притаени ензими кои се самата суштина на животот. Кога ќе се создадат погодна температура и влажност, почнува чудесниот момент на р’тење кога се ослободува голема количина на енергија. Во текот на процесот на р’тење ензимите ги разградуваат сложените хранливи материи на поедноставни кои полесно се варат. Јаглените хидрати се разградуваат на прости шеќери, мастите се претвараат во масни киселини, а протеините во аминокиселини.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.