По три години од убиството на новинар во Украина уапсени неколку лица

Новинарот Павел Шеремет, роден во Белорусија, беше убиен на 20 јули 2016 година во центарот на Киев, кога во неговиот автомобил беше подметната бомба

50

Полицијата во Украина денеска уапси неколкумина осомничени за убиство на новинар пред три години.

Новинарот Павел Шеремет, роден во Белорусија, беше убиен на 20 јули 2016 година во центарот на Киев, кога во неговиот автомобил беше подметната бомба.

Украинската полиција не прецизира колку луѓе се приведени.

Андриј Антоненко, ветеран во борбите против проруските сили во источна Украина, на Фејсбук напиша дека тој е еден од уапсените.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...