Општините, ако имаат потреба да вработат поголем број градежни инспектори за да можат доследно да го спроведуваат Законот за градење и да се намали бројот на дивоградби кој во последните 2,5 години драстично се намалува, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по средбата со директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини Борис Тунџев.
Сугарески потсети дека Законот за градење има казнени одредби кои треба да спречат бесправно градење, а општините и нивните градежни инспектори се тие кои треба да се грижат доследно да се спроведува.
– Законот за градење е во примена веќе две години и ги дава резултатите. Во овој период покренати се голем број постапки за незаконско градење. Дел од нив можат да завршат и со рушење на објектите и затворски казни за оние што не го почитуваат законот. Општинските инспектори треба да ја завршат работата, а ако се малку општините треба да вработат онолку колку што им треба – рече Сугарески.
Тој, како што рече не може да каже дека во последните години не се градат дивоградби, но очекува новиот закон за дивоградби да го намали бројот.
– Има тенденција на намалување на бројот на дивоградби. Со донесувањето на новиот закон за дивоградби кој е во подготовка очекуваме овој број дополнитлено да се намали бидејќи плаќањето на комуналиите плус 150 отсто како што се предвидува да биде криетриумот за легализација и ограничување на можноста објектот да се легализира, ако е во подрачје каде што е забрането да се гради, ќе ги демотивира граѓаните да градат нелегално. Даваме можност да се легализира онаму каде што тоа е дозволиво согласно со урбанистичките планови и затоа се правени усогласувања со министерствата за животна средина, за економија, за култура. Со законот за градење, пак, казните се и затвор, ако се гради нелегално. Сето тоа, верувам ќе го намали нелегалното градење – вели Сугарески.
Тој рече дека над 200.000 дивоградби кои го почнале процесот на легализација и не го завршиле ќе можат да го продолжат легализирањето по стариот закон, но треба да поднесат пријави и да ги комплетираат документите.
– Новиот Закон ќе важи за објекитите за кои не е поднесено никакво барање. Но тој закон прво треба да се донесе. Сега е во постапка на усогласување на текстот со Катастарот и другите институции за да се добие спроведлив закон кој ќе ги реши проблемите и нема да создава нови. Но едно е сигруно овој закон нема да доведе до хаос во градењето, туку ќе ги стесни условите кои овозможуваа нелегална градба – рече Сугарески.
Министерот информира и дека легализацијата на објектите на социјално загрозените семејства и по новиот закон ќе биде бесплатно.
Според директорот на агенцијата за катастар Тунџев, катастарот досега вшишал на 230.000 дивоградби за кои е завршена легализацијата.
– Преминуваме на впишување на инфраструктурата која е на компаниите и ги повикувам да го направат тоа. Се однесува главно на мережите за електрична енергија, телекомуникациските мрежи, парното, канализацијата, водоводната мрежа. Тоа значи дека и јавните претпријатија во општините ќе треба да ги впишат водоводните мрежи и канализацијата – рече Тунџев.
Тој информира дека во изминатите години Катастарот вовел неколку новини и ги поевтинил услугите и за граѓаните и за деловните субјекти.