Сојузот на стопански комори ги потсетува компаниите дека со Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството се предвидува исплата на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата за пресметка на плата која важи на денот на донесување на одлука за исплата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач.
Но, додаваат од ССК работодавачите не мора да го исплатат утврдениот износ доколку во работењето имаат потешкотии.
– Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година во членот 35 се додава дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор.Кај компаниите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.
Компаниите кои не генерираат доволно профит, сметаат од ССК, не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат позајмици за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста.
– Треба да се овозможи компаниите кои имаат тешка година да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена. Компаниите треба да знаат дека ја имаат оваа опција – велат од ССК.
ССК тврди дека работодавачите го поддржуваат наградувањето на работниците бидејќи тоа е начин на подобрување на продуктивноста, но тоа не смее да биде на штета на финансиската стабилност на фирмата и причина за нејзина неодржливост.
– Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор и во поголем износ, а се исплатува еднаш во текот на годината – додаваат од ССК.
Реакцијата на Сојузот, појаснуваат оттаму, е резултат на тоа што, како што посочуваат деновиве се појавиле невистинити информации во врска со ова прашање.
Д