По успешната домашна премиера, македонската комедија „Година на мајмунот“, по режија и сценарио на Владимир Блажевски, денес ќе ја има својата интернационална премиера на еден од најреномираните и најстари светски филмски фестивали – Московскиот меѓународен филмски фестивал.
Филмот е во рамките на официјалната програма на Московскиот филмски фестивал. Московскиот е вториот најстар филмски фестивал на светот, веднаш по Венецискиот, постои од 1935 година и е дел од А листата на фестивали.
„Година на мајмунот“ е на редовен репертоар во киното „Синеплекс“.