Ципрас и Вучиќ разговараа и за европската перспектива на Западен Балкан

Истакнавме дека единствена основа за мир и стабилност во нашиот регион е почитувањето на меѓународното право, напиша Ципрас на „Фејсбук“.

57
FOTO MIA

За потребата активно да се поддржи европската перспектива на земјите од Западен Балкан, разговарале, меѓу другото, српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на дводневната официјална посета на Грција, Вучиќ вчера се сретна со Ципрас, а лидерот на СИРИЗА, преку социјалните мрежи ги откри темите за кои разговарале.

– Се сретнав со претседателот на Србија Александар Вучиќ со кој разговарав за важноста на грчко – српските односи за нашите народи и за Балканот како и за потребата за активна поддршка на интегративната перспектива на Западен Балкан во критичниот период за регионот. Истакнавме дека единствена основа за мир и стабилност во нашиот регион е почитувањето на меѓународното право, напиша Ципрас на „Фејсбук“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...