Книгоиздателството МИ-АН вечер од 19 часот во Дом на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) ќе промовира „Енциклопедија на македонски имиња“ од архимандрит Иринеј Стефановски. Во книгата се опфатени две илјади имиња и за секое е наведено неговото потекло, значење и толкување.
– Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Толкувањето е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои е составено. Словенските имиња се поврзани со нивните пандани во другите јазици – откривањето и објавувањето на таа врска е значајно од јазичен, историски, книжевен и од културолошки аспект – соопшти МИ-АН.