Расте бројот на жртви од ерупцијата на новозеландскиот вулкан

174

Полицијата на Нов Зеланд денеска соопшти дека уште две лица починале од здобиените повреди при ерупцијата на вулканот на Белиот Остров, со што бројот на жртви се искачи на осум.

Починатите лица се лекувале во болници во Окланд и во Хамилтон.

Девет луѓе се водат како исчезнати, а полицијата ги идентификува како седум туристи од Австралија и двајца туристички водичи од Нов Зеланд.

Според полицијата исчезнатите најверојатно се во вулканот, но спасувачките екипи не можат да стигнат до нив бидејќи вулканот се уште е активен и е премногу опасно.

Уште 28 лица се хоспитализирани, од кои 23 се здобија со изгореници опасни по живот.

Вулканот еруптираше во понеделникот додека групи туристи беа на островот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...