Германската влада денеска донесе одлука да врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите.
– Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници, напиша министерката за одбрана Анегрет Крамп Карнбауер на Твитер. Таа додаде дека воведувањето служба воен рабин е јасна заложба за еврејскиот живот во Германија.
Германската армија не ја документира верската припадност на своите припадници, меѓутоа, околу 300 Евреи, 1.400 муслимани и 94.000 христијани се во вооружените сили на Бундесверот.