Лавров: САД веќе не можат да ги запрат „Турски поток“ и „Северен поток 2“

Руските медиуми потсетуваат дека американскиот Сенат во понеделникот го усвои буџетот за одбрана на земјата за следната година, во кој се предвидени санкции за учесниците во изградбата на „Северен поток 2“ и „Турски поток“

429

Американскиот конгрес прави сѐ  што е можно да ги запре „Северен поток 2“ и „Турски поток“, но тоа нема да им успее, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на прес конференцијата по својата посета на Вашингтон.

Таму тој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, каде што двете страни потврдија дека нивните меѓусебни односи треба да продолжат да се развиваат.

Но, американските сенатори имаат поинакво мислење, пренесе „ЕА Дејли“.

-Конгресот буквално е завладеан од желбата да направи сѐ  да ги наруши нашите односи. Продолжува процесот почнат од администрацијата на Обама. Но ние сме навикнати на ваквите видови напади, знаеме како да реагираме на нив. Ве уверувам дека ниту „Северен поток 2“, ниту „Турски поток“ нема да запрат – кажа Лавров.

Руските медиуми потсетуваат дека американскиот Сенат во понеделникот го усвои буџетот за одбрана на земјата за следната година, во кој се предвидени санкции за учесниците во изградбата на „Северен поток 2“ и „Турски поток“. Станува збор за ограничувања кон лица и компании кои имаат врски со изградбата на гасоводот.

Менаџерите на компаниите се под закана од забрана за влез во САД, замрзнување на нивните сметки што се под јурисдикција на Вашингтон и забрана за трансакции.

Компанијата, за која најверојатно ќе се однесуваат санкциите, е швајцарската „Allseas“. Нејзините фирми ќерки за положување на цевките „Pioneering Spirit“ и „Solitaire“ и бродовите за снабдување во моментов го градат данскиот дел од „Северен поток 2“.

-Причината за овој чекор е што се затвора прозорецот на можности. Поголем дел од „Северен поток“ веќе е изграден- изјави Џим Ричард, шеф на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД. Според него, санкциите ќе ги „убедат“ градежните фирми да ја запрат работата врз проектот, бидејќи американските ограничувања „скапо ќе ги чинат“.

Една од причините за активирање на сенаторите е што САД го донесоа законот за санкции, што може да се примени кон „Северен поток-2“, но Доналд Трамп никогаш не го употреби, а санкциите во буџетот за одбрана се претпоставува дека се задолжителни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...