Интернет сензација: „Meланија сјае до Обама“

Камерите го уловиле моментот во кој Меланија разговара со претходникот на својот сопруг на позицијата лидер на САД, при што на снимките може да се види дека тие двајца се смеат.

1892

Првата дама на САД, Меланија Трамп, беше без сопругот Доналд Трамп на последното испраќање на поранешната прва дама на САД, Барбара Буш, а друштво и правел и претходниот претседател, Барак Обама. Токму комуникацијата меѓу Меланија и Барак стана интернет сензација.

Камерите го уловиле моментот во кој Меланија разговара со претходникот на својот сопруг на позицијата лидер на САД, при што на снимките може да се види дека тие двајца се смеат. Меланија наводно, иако забележала дека камерите ја снимаат, не ја тргнувала насмевката од лице, а со оглед на тоа дека често во друштво на својот сопруг е прилично сериозна, многумина ја коментираат таа промена кај неа.

– Најдете некој што се смее како што Меланија се смее кога разговара со Обама, а е далеку од Трамп – напишал на Твитер Адам Бликстајн, поранешен вработен во Пентагон, пренесе „Њузхаб“.

Твитер корисникот Кимександер Хамилтон пак коментирал дека „Меланија всушност е посреќна со Обама на погреб, отколку со Трамп на неговата инаугурација“.

Не е познато за што разговарале Меланија Трамп и Барак Обама, иако има бројни шпекулации, а многумина корисници на интернет се фасцинирани од тоа колку Меланија изгледа среќно и релаксирано.

– Дали и некој друг ја виде искрената насмевка на Меланија? На Доналд Трамп тоа никогаш не му успеало – е само уште еден од коментарите на Твитер, оставен од корисникот „Махагони свитс“.

Филипе Рајнс, поранешен демократски советник пак коментирал дека ова и е прва насмевка на Меланија со години. На постарите фотографии, додал Филипе, таа секогаш е насмеана.

Си-ен-ен забележа дека четири претседатели се собрале на погребот на некогашната прва дама Барбара Буш и дека тоа било топла фотографија од неколку генерации на претседатели кои и оддават почит на покојната Барбара, што циркулира низ интернетот.

На фотографијата, што може да стане култна, се наоѓаат Барак Обама, Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Горџ Х. В. Буш, заедно со првата дама Меланија Трамп и поранешните први дами Мишел Обама, Лаура Буш и Хилари Клинтон.

Фотографијата, којашто ја направил Пол Морс, поранешен фотограф во Белата куќа, најпрво била споделена на Твитер од страна на Џим Мекгрет, портпаролот на Џорџ Х. В. Буш.

Претседателот Доналд Трамп го нема на фотографијата, затоа што не присуствувал на погребот во Хјустон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...