Нов земјотрес кај Крит

72

Умерен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во морето кај островите Крит и Касос.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени, јави грчката агенција АНА-МПА

Земјотресот бил регистриран малку пред полноќ, на длабочина од 27 километри.

Епицентарот на потресот е регистриран 75 километри источно од местото Агиос Николаос, односно на 377 километри југоисточно од Атина.

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер, исто така, во непосредна близина на Крит, беше регистриран и на 27 ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...