Книжевни магнитуди

160

Во Јавна соба, утре во 20 часот Марта Маркоска со гостите Јовица Ивановски и Елизабета Баковска ќе биде на „Ти“ со авторот, без цензури.

Книжевни магнитуди e прв од ваквиот тип настани во Македонија каде секој слушател ќе има можност да го запознае авторот одблизу и да го праша сѐ што сака, за него и за делото, бидејќи разговорите ќе се водат како отворена трибина, без цензура.

Македонските поети заслужуваат достојно да бидат претставени пред што поголема слушателска, а потоа и читателска публика без разлика на која генерација ѝ припаѓаат. На овој начин, младите авторски генерации ќе добијат поголем публицитет пред постарите, и обратно, постарите ќе ја добијат должната почит пред помладите генерации.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...