Статуата на рускиот претседател Владимир Путин, висока 2,5 метри, беше официјално откриена во ски-центар во Киргистан, откако основачот на ски-центарот доби заем од 1,2 милиони американски долари од Рускиот фонд за развој.
Споменикот, подигнат во минатиот месец во одморалиште 30 километри од Бишкек, го прикажува Путин во костум, како гледа во долината.
Директорот на одморалиштето Акбар Розиев рече дека на тој начин сакал да изрази благодарност за заемот.