Законот за дивоградби денеска на седница на влада

На дневен ред е и Стратегијата за развој на женското претприемништво 2019 - 2023, со Акциски план, на Министерството за економија.

233

Предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за градење и барањето за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, на предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе бидат на дневен ред на денешнарта седница на владата.

Покрај ова владата ќе ја разгледа и информацијата за усвојување на Меморандум за соработка/разбирање со Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) за спроведување/реализација на здружена вежба „Северна Македонија 2020“.

На дневен ред е и Стратегијата за развој на женското претприемништво 2019 – 2023, со Акциски план, на Министерството за економија.

За оваа седница е предвидена и информацијата за прогресот на изградба на станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи и станови наменети за продажба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...