Паѓаат цените на акциите на Вол Стрит

На крајот од минатата недела, овие индекси се зголемија поради пораките од Вашингтон дека трговските преговори напредуваат добро и оти делумниот договор е близу.

103

Цените на акциите на Вол Стрит паднаа поради тоа што инвеститорите не сакаат да преземат ризици пред неколку големи настани и крајниот рок до кој Вашингтон најави дополнителни царини за кинескиот увоз.

Дау Џонс падна за 105 поени или 0,38 отсто на 27.909 поени, додека С&П 500 падна за 0,32 отсто на 3.135 поени и Индексот Насдак 0,40 отсто на 8.621 поени.

На крајот од минатата недела, овие индекси се зголемија поради пораките од Вашингтон дека трговските преговори напредуваат добро и оти делумниот договор е близу. Кина исто така соопшти дека сака што поскоро да постигне договор за првата фаза од договорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...