Весели предлага платформа за обединување на политичките партии за значајни теми

Претседателот на косовскиот Парламент и лидер на Демократската партија, Кадри Весели предлага политичка платформа за обединување на политичките партии во Косово за пет теми од национален интерес.

86

Претседателот на косовскиот Парламент и лидер на Демократската партија, Кадри Весели предлага политичка платформа за обединување на политичките партии во Косово за пет теми од национален интерес.

Петте теми кои се опфатени во документот се дијалогот со Србија, формирањето на Заедницата на српски општини, формирањето војска на Косово, европската интеграциска агенда и изборната реформа.

– Во функција на оваа цел неопхдно е формирање заедничка екипа, која ќе ја раководи претседателот на Косово, а во која ќе биде опфатена улогата на сите политички лидери и институции во земјава, како и личности од граѓанското општество, значајна и успешна пракса во текот на историските процеси низ кои минало Косово, од Рамбује до прогласувањето на независноста, пишува меѓу другото Весели во платформата.

Платформата е доставена до лидерите на Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата за иднината на Косово,Алијансата за Ново Косово, движењето Самоопределување и групата на независни пратеници, формирана од отцепеното крило на Самоопределување.

Поддршка за предлогот Весели, експресно доби од премиерот и лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, оценувајќи при тоа дека координацијата на политичките партии за прашања од национален интерес е повеќе од потребна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...