„Битлси“ во „Или-или“

88

Неделава во книжарницата „Или-или“ е посветена на романот „Битлси“ на скандинавскиот писател Ларс Соби Кристенсен.

Читателите, низ дружба и музика од славниот британски бенд, ќе можат книгата да ја имаат за промотивни 490 денари (редовната цена е 690 денари). Преводот од норвешки на македонски јазик е на Искра Бадева Ивановска. Се работи за 157 издание во популарната едиција ПРОаЗА, за чиј дизајн беше задолжена екипата на „Бригада дизајн“, илустрацијата на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата е дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

Се работи за роман од 1984 година кој се закити со многу книжевни признанија и награди, и кој не навраќа во едно време кога во светот постоеше само еден Бог, кој се викаше Битлси. Низ поглавјата насловени според песните на култниот британски бенд, Кристенсен ни раскажува возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето на четири млади момчиња од Осло, во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...