Компаниите преку интернет страница сами ќе ја проверуваат својата усогласеност со законите. Тоа ќе им го овозможи новиот веб портал бизнисрегулатива.мк кој треба да профункционира во последната недела од мај годиннава, е соопштено на денешниот форум за економски развој во Велес.
Според Љубомир Димовски од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, бизнисрегулатива.мк ќе се однесува на фирмите од секторите земјоделство, туризам, ИТ, текстил,…, а ќе ги опфаќа сегментите работни односи, даноци и заштита шри работа.
– Веб порталот ќе дава и совети на фирмите кои тоа не можат финансиски да си го дозволат – истакна Димовски.
Бизнисрегулатива.мк е на четирите стопански комори во Македонија, но ќе служи како алатка за целиот домашен деловен сектор.