Зошто Макрон смета дека НАТО е во “мозочна смрт“?

Од геополитички аспект, јасно е дека “целта на Трамп е  да го трансформира НАТО во алатка со која воено-политичка алијанса ке и се спротистави и ке ривализира со Пекинг“. Нема сомнение дека со право тој ја третира Кина за најголем економски и стратешки ривал на САД, но исто така европјаните се скептици целосно да влезат  во таквите проекти на Вашингтон.

1927

Состанокот на лидерите на државите-членки на НАТО го означи 70-годишниот роденден на Алијансата. По работната средба, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави: “нашиот состанок овозможи уште еднаш да се потврди дека Алијансата останува единствениот форум каде Европа и Северна Америка можат заеднички да дебатираат, да одлучуваат и да реагираат за најзначајните стратешки влогови кои се однесуваат на нашата заедничка безбедност“. Со цел да се подобри оперативната моќ на воените сили, лидерите на НАТО, се ангажираа да ја обезбедат сигурноста на телекомуникациските инфраструктури вклучвајки ги и 5G. Сојузниците го прифатија и новиот акционен план за битката против тероризмот и констатираа дека во последниве години инвестициите во одбраната се во постојан пораст. Воедно за прв пат НАТО го евоцира силниот пораст на моќта на Кина и потребата да учествува во уредувањето на контролата на наоружувањето. Конечно Столтенберг заклучи дека Алијансата ке отпочне процес на осмислувње на алатките со цел да се зајакнат политичките димензии на НАТО.

Меѓутоа додека проекторите и камерите  стивнаа, и целиот дипломатски вашар замре и се сведе на славното видео каде каприциозните Борис Џонсон, Жустин Тридо и Емануел Макрон за време на приемот кај Кралицата на Обединетото кралство, се мајтапат со Доналд Трамп, завесите се спуштија. Аналитичарите го сметаат за досега најскандалозниот Самит во историјата на Алијансата. Председателот Трамп го поништи закажаниот прес, го обвини Тридо дека е дволичен и хипокрит и   пред време го напушти Лондон. Дали нешто не е во ред со “мозокот на НАТО“, се прашуваат француските аналитичари, за да потсетат на славната дијагноза на Макрон дека “НАТО е во мозочна смрт“. Зошто французот ја изрече оваа непопуларна и навредлива метафора за најмоќната политичка и воена организација во поновата историја?

Дали светот има потреба од НАТО?

По распуштањето на Варшавскиот Пакт и имплозијата на Советскиот Сојуз, се отвори дебата околу оправданоста на постоењето на Алијансата. Русија долго време  не сваќаше зошто воено-политичката организација која ја доби Студената војна и понатаму да егзистира, кога најзиниот источен пандан-Варшавскиот Договор исчезна. Воедно Москва сметаше дека таа повеке не преставува закана за безбедноста на Западот и затоа му пристапи на Партнерствто за мир на НАТО. Голем број европски пацифисти  и дипломати сметаат дека “НАТО беше плод на студената војна која заврши,  затоа нема никаков rasion d’etre да продолжи да постои“. Дури и во САД повеке експерти сметаа дека “НАТО треба да се распушти бидејки ја исполнило својата мисија а згора наметнува големи финансиските трошоци ..“ Меѓутоа непредвидливоста на новите безбедносни закани, јакнењето на  геостратешкиот интерес на Русија и Кина како и барањето на поранешните совјетски сателити, влијаеа да се обнови, осовремени и прошири Алијансата. По обединувањето на Германија, во 1999 Алијансата пристапува кон првото пост-ладно проширување. Потоа следи второто проширување во 2004 со големиот Bing-Bang на седум нови членки. Третиот круг на проширување беше во 2008, кога на Самитот во Букурешт заради спорот со името, Грција и останатите сојузници го блокираа членството на нашата држава. Овие настани  ни останаа во мачни сеќавања, а најголема одговоност за овој дипломатсли неуспех ја носеа одсутвото на државничка визија на тогашните политичари, нивниот тврдокорен национализам и популизам. Беа изгубени 11 години во приближувањето кон евро-атланските интеграции за кои никој од тогашните политичари не одговара туку напротив и денсе го билдаат својот слеп национализам. Независно по 11 години, Северна Македонија се здобива со членството во НАТО.

НАТО брани – ЕУ плаќа

Хронологијата на НАТО во периодот на пост-студената војна потсетува на значењето на геополитичките и геостратешките влогови во Европа. НАТО е оној што го дава ритамот а ЕУ е онаа која трча зад него. Според Пјер Верлиус, родоначалникот на моќниот геополитички париски портал Дипловеб, “САД одлучуваат за стратегијата на ЕУ се до границите на Русија, додека ЕУ се адаптира кон диригентската палка на Вашингтон“. Европската Унија понекогаш игра улога на часовник, ги чека и по три години државите како Романија и Бугарија, но сепак трча зад гаките на САД, истакнува Верлиус. При тоа секој си ја прифаќа сопствената улога. НАТО игра улога на бранител под раководството на Вашингтон, додека ЕУ ги финансира економиите заостатоци на некогашните комунистички држави чии стопанства беа девастирани за време на советската доминација. Згора на сите трошоци на ЕУ, председателот Трамп наметнува задолжителни придонеси од 2% за секоја членка на Алијансата. Тука се поставува основната дилема која ја наметнуваат аналитичарите на Институтот Шуман: дали овие држави се во состојба да иззградат вистински демократии во кои ке владее правото, поделбата на властите и медисктиот плурализам и слобода?.

“Мозочната смрт“ на НАТО

Еден од водечките француски аналитичари Жак Атали, на 19 окотмври констатира: “НАТО е мртов“. Според Атали овој процес се забрзал од 2015 г. Од една страна царинската унија на чело со Русија се трансформирала во Евро-азиска економска унија, а околу Москва се собраа Белорусија, Казакстан, Ерменија и Киргистан а годинава со набљудувачки статус  се здоби и Србија. Истата година, председателскиот кандидат на Демократите, Хилари Клинтот соочена со повеке афери што влијаат врз нејзиниот изборен пораз. За врее на кампањата, идниот председател Доналд Трамп изјавува дека НАТО е “ застарен“, констатција која ја вербализира и позицијата на Русија уште од крајот на студеата војна ја повторува истата реченица. Во ноември 2016 Трамп беше избран за нов председател на САД. Штом влезе во Белата куќа, Трамп ја отпочнува својата битка против мултилатерализмот. Во тој контекст тој и се закани и на ЕУ со отпочнување  на трговска војна. Воедно не престана да повторува дека “Алијансата е застарена и дека чини многу пари“. Американските стратези настојуваат да му објаснат дека САД сепак имаат голем финансиски бенефит од НАТО. Пред се со клиeнтелистичкиот однос и продажбата на оружје САД воспоставија монопол врз останатите членки на Алијансата. Меѓутоа, од геополитички аспект, јасно е дека “целта на Трамп е  да го трансформира НАТО во алатка со која воено-политичка алијанса ке и се спротистави и ке ривализира со Пекинг“. Нема сомнение дека со право тој ја третира Кина за најголем економски и стратешки ривал на САД, но исто така европјаните се скептици целосно да влезат  во таквите проекти на Вашингтон.

За Макрон, Трамп е несигурен сојузник

Европските држави членки на НАТО стравуваат да не бидат ангажирани во еден потенцијален конфликт, без да ги споделат истите интереси и лектира како САД. Од своја страна, американскиот председател без да се консултира со експертите, постојани генерира нови твитови кои шират несигурност и незадоволство на неговите сојузници. Довербата се претвара во недоверба, од што најмногу трпи Алијансата. За Париз, САД станаа несигурен сојузник. На 8 мај 2018 Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Иран, кого ЕУ го сметаше за алфа и омега на мултилатерализмот. Воедно Европјаните констатираа дека пораките и махинациите кои пристигаат од САД и Русија дискретно ги подржуваат популистичките движења, евроскептицизмот и Брекситот кои ја слабеат ЕУ . За тоа време “НАТО како да се залажува самиот себе си“, истакнува Атали. Турција е прва држава членка на НАТО која го скрши табуто и купи оружје од Русија, порачува француската дипломатија од Quai d’Orssey. Но МНР на Турција Чавугоглу овој чин го опавдува со фактот, што веќе десетина години, НАТО-сојузниците одбегнуваат да и  продадат на Анкара противвоздушни системи од типот на С-400. Во таквиот контекст разбирливо е што Анкара го набави системот од Русија а во последно време отворено сугерира дека “треба да се работи со Москва“, констатира Пиер Верлуис. Кога председателот Трамп во окотмври 2019 го најави повлекувањето на американските сили од северна Сирија а Турција навлезе во оваа територија, на Франс Инфо се огласи Жак Атали : доколку НАТО е мртво, и доколку САД повеке не сакаат да не’ бранат, единствено нешто што останува за Европјаните е да се обединиме и да се браниме самите“. Во тој период следи и фамозното интервју на Макрон за The Economist каде во стилот на Атали  ја констатита “мозочната смрт“ на Алијансата. Евидентно е дека позицијата на Макрон не е изненадувачки потег или неочекуван гаф, туку неподелено мислење на француската интелектуална и политичка елита.

Епилог: или рестартиран НАТО или европска автономна стратегија

Од тука  не изненадува  и сугестијата на Макрон кон европските лидери: “доколу Европјаните немаат будилник, за да се освестат од сонот,  да донесат соодветни одлуки, геополитичкиот ризик е огромен. Може да исчезнеме или да престанеме да сме господари на нашата судбина“. Но дали во услови кога Брекситот ја конзумира енергијата на ЕУ, а Трамп  се подготвува за вториот мандат и доколку успее во тоа, ЕУ ке е во состојба да ја забрза доградбата на автономната стратешка одбрана? Во овој миг ЕУ е само пасивен набљудувач на големите геостратешки маневри и единствено може да се надева на следниот епилог. Или НАТО повторно ќе се обнови, како што најави и Генералниот секретар Јан Столтенберг од Лондон:  “ Светот се менува но и НАТО ќе продолжи да еволуира заедно со него“.  Или ЕУ себично ке се сврти кон себе и ке ја засили изградбата на сопствената стратешката одбрана, како што сугерира екипата на Макрон. Франција и Германија веќе постигнаа договор за изградба на првиот европски носач на авиони, но без Англија, која го напушти европското семејство но не и Алијансата. Во таквиот испреплетен контекст Северна Македонија ке стане членка на најмоќната воено-политичка организација. Тоа е големо признание, историски чин и успех на кој ке бидат горди следните генерации. Напоредно, државата со брзи чекори се приближува и кон ЕУ, а за тоа најголеми заслуги без многу калкуации имаат творците на Договорот од Преспа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...