Словачка: Најмалку петмина загинати во експлозија во зграда

123

Најмалку пет лица загинаа во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов, јави словачката агенција ТАСР.

Околу 85 пожарникари се борат со пожарот до кој дојде после експлозијата, а евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери.

Градоначалничката на Прешов Андреа Турцанова изјави дека има голем број повредени, во најголемата трагедија во градот во последните 50 години. Голем е бројот и на оние кои останаа без покрив над главата.

– Подготвени се над 130 кревети за оние кои останаа без покрив над главата, од кои дел се во локалната гимназија, а дел во објект за домување – изјави портпаролката на Министерството за одбрана Данка Цапакова.

Здравствените власти информираа дека хоспитализирани се девет лица, а на многумина е пружена лекарска помош, вклучително и психолошка помош за оние кои останаа без своите домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...