Владата ќе одговори на 12 од 30 барања за намалување на царинските стапки доставени од странските инвеститори во земјава. Ова го соопшти денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на проектот за поставување фотоволтаици на јавните објекти.
– Почната е постапката се прават пресметките и се споредуваат математиките и до крајот на годината до кога е рокот даден од странските инвестиори ќе донесеме одлуки за 12 од барањата за намалување на цариснките стапки за кои апелираа странсктие инвеститори – рече Заев.
Тој, најави и контрола на ветувањето на инвеститорите дека приходот што ќе го остварат со ова намалување на царинските стапки ќе го инвестираат во земјава.