Заев најави шест големи странски инвестиции од над 100 милиони евра

Дел од нив ќе бидат сместени во Скопје, но и во други градови во земјава.

413

Пет до шест големи странски инвестиции ќе инвестираат повеќе од 2 милијарди евра во наредниот период, најави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој , како што рече, не може да ги открие имињата во овој дел од процесот на одлучување, но најави брзо донесување на Закон за стратешки инвестиции.

-За да можат да инвестираат во земјава овие големи инвеститори ќе треба да донесеме Закон за стратешки инвестиции поголеми од 100 милиони евра. Тој ќе биде донесен на брза трака за да можат инвеститорите да донесат соодветни одлуки – рече Заев.

Заев најави дека дел од нив ќе бидат сместени во Скопје, но и во други градови во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...