Извозот достигна 5,4 милијарди евра

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава во периодот јануари – октомври 2019 година најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

120

Вкупно 5,356 милијарди евра се реализиран извоз за десет месеци од годинава, Тоа е  10,8 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока изнесува 6,919 милијарди евра или за 9,8 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 1,563 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 77,4 отсто.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава во периодот јануари – октомври 2019 година најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...