Пирати заробија танкер кај Нигерија и го киднапираа екипажот

81
ФОТО: МИА

Пирати, близу Нигерија, киднапирале 19 членови на екипаж на танкер, кој превезувал сурова нафта, изјави денеска официјален претставник на бродскиот оператор.

Бродот бил нападнат на 77 наутички милји од островот Бони пред два дена и екипажот бил киднапиран, изјави официјален претставник, пренесе Танјуг.

Супертанкерот „Нејв Констелејшн“, кој може да носи до два милиони барели нафта, пловел под знамето на Хонг Конг.

Опратор на танкерот е грчката компанија за испорака „Навиос Танкерс менаџмент“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...