Британската компанија за помош при иновации со седиште во Лондон – „Геомик“ објави соработка со фирма за производство на роботи во рамки на проектот со кој се бараат кандидати и кандидатки кои би им го „подариле“ своето лице на роботите. Победникот ќе добие 130 илјади долари.
Според извори во „Геомик’, на овој проект се работи веќе пет години, а добиле и голема финансиска поддршка од инвеститори. За изборот на ликот победник ќе има посебен тим, кој, меѓу другото, ќе ги контактира кандидатите и ќе им објаснува за каков точно проект се работи.