Концертот на Македонската филхармонија „Годишни времиња – Пјацола/Вивалди“ ќе се одржи во четврток во 20 часот., а како солисти ќе настапат едни од најдобрите македонски музички уметници денес – врвните виолинисти Анна и Олег Кондратенко .
Првпат во Македонија, ќе бидат изведени, во иста вечер, истоимените дела – „Четири годишни времиња“ – од двајцата истакнати композитори кои твореле во различни епохи – Антонио Вивалди и Астор Пјацола.