Публикации на „Ал- би“ подарок во Бабино

108

Управата за заштита на културното наследство подари публикации на библиотеката АЛ-БИ во село Бабино по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, во рамките на Европската година на културното наследство 2018.

– На 21 април во село Бабино свечено беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во организација на приватната библиотека АЛ-БИ, основана во 1882 година со фонд од преку 20.000 книги. На настанот присуствуваше и делегација од Управата за заштита на културното наследство која во својата програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, а по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, ги промовираше и подари досега отпечатените 40 изданија од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“ – велат од Управата.

Монографските публикации имаат за цел да ги доближат најзначајните археолошки локалитети, профани и сакрални објекти и природни богатства до домашната и меѓународна публика и да придонесат кон збогатување на библиографскиот фонд за културните и природните добра од нашата земја.

Во рамките на овој настан, Управата за заштита на културното наследство спроведе и работилница за учениците од ОУ ,,Гоце Делчев“ од Демир Хисар и ОУ ,,Браќа Миладиновци“ од село Жван, насловена како ,,Го идентификуваме нашето наследство (движно и недвижно)“. На работилницата, учениците на интерактивен начин се запознаа со видовите културно наследство во Република Македонија и со културното наследство кое се наоѓа на територијата на општина Демир Хисар. Во рамките на работилницата се одржа и квиз каде децата се запознаа со работата на УНЕСКО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...