Макрон уште мисли дека НАТО е во „мозочна смрт“

439
ФОТО: EPA / HECTOR RETAMAL / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повтори ставот дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“.

На големо разочарување на членките на Алијансата, тој ова го кажа во пресрет на самитот на оваа организација во Лондон.

– И натаму така мислам – рече Макрон на заедничката прес конференција со американскиот претседател Доналд Трамп.

Неколку часа претходно Трамп изјави дека ставот на Макрон е „многу навредлив“ за Алијансата, која утре ја одбележува својата 70-годишнина од постоењето.

Макрон, во ноември, во интервју за „Економист“ изјави дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“, образложувајќи го тоа со намалувањето на американскиот ангажман и однесувањето на Турција, двете членки на НАТО.

Францускиот претседател денеска изјави дека Турција понекогаш соработува со посредниците на Исламска држава и додаде дека на оваа земја и натаму и забалежува што се бори против Курдите на северот од Сирија, бидејќи тие борци помагаат во борбите против џихадистите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...