Наредната година нема субвенции за купување возила, парите се пренаменети

Аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и дека во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства, изајви Ангеловска.

152

Во буџетот не се планирани пари за субвенции за купување возила, мерка која беше најавена за следната година, информира денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа рече дека работна група го разглеудвала ова прашање и одлучила парите да се намената онаму каде што е попотребно.

Таа најави детали од Законот за данок на моторни возила и за други мерки за намалување на аерозагадувањето.

– Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект – изјави министерката, додавајќи дека целта е средствата на граѓаните насочени преку кој било проект да го дадата најдобриот резултат.

Таа додаде дека аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и дека во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства.

– Програмата во Владата е 100 милиони, во Министерството за животна средина има 70 милиони што се повеќе за 20 милиони од минатата година, за субвенции за инвертери што треба да започне и се предвидени 620 милиони денари и во Министерството за економија за субвенциите за вградување плински уреди за што се предвидени 18 милиони денари и на ова го додаваме и новиот закон за данок на моторни возила во насока на намалување, за кое данокот ќе се определува по однос на вредности по однос на загадувањето, како и гасификацијата 1,1 милијарда денари. Ова се мерки што се вградени во буџетот –  потенцира министерката Ангеловска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...