Нов спот со музика на Кирил Џајковски за филмот „Врба“ ВИДЕО

Од продукцијата „Банана филм“ соопштија дека од кинопремиерата, „Врба“ за еден месец го гледале над 26.000 гледачи и дека филмот наскоро ќе си оди од македонските киносали и животот ќе го продолжи на светските филмски фестивали и во кинодистрибуција.

152

Промовирана е уште една музичка тема од саундтракот за филмот „Врба“, која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е претопување на „Тешкото“ во модерен ритам.

– Идејата за „Willow Dawn“ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот – вели Џајковски.

Првиот сингл од саундракот за филмот е „Ред Сафари“ и беше  промовиран неодамна, а наскоро ќе излезе и саундтракот за новиот игран филм на Милчо Манчевски.

Од продукцијата „Банана филм“ соопштија дека од кинопремиерата, „Врба“ за еден месец го гледале над 26.000 гледачи и дека филмот наскоро ќе си оди од македонските киносали и животот ќе го продолжи на светските филмски фестивали и во кинодистрибуција.

Светската премиера на „Врба“ беше на 19 октомври на фестивалот во Рим, а минатиот месец играше и на фестивалите во Тајпеј, Тајван и Талин.

-Секаде доби извонредни критики и одгласи кај публиката, а медиумите во Талин го препорачаа меѓу топ пет филмови што треба да се гледаат на фестивалот – соопшти продукцијата на „Врба“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...