2019 една од трите најтопли од средината на 19 век

Декадата 2010-2019 година „сосема сигурно“ ќе биде најжешката досега регистрирана, оценува Светската метеоролошка организација.

127
Фото: EPA/ROBIN UTRECHT

Годината 2019 година ќе биде една од трите најтопли години регистрирани од 1850 година, се вели во соопштението објавено денеска од страна на ОН на конференцијата за клима (COP25) во Мадрид.

Тековната година ќе заокружи една деценија „исклучително жештина“ погодена од шумски пожари, суши и топлотни бранови.

Помеѓу јануари и октомври, светската просечна температура е околу 1,1 степени Целзиусови повисока отколку во периодот 1850-1900 година, според Светската метеоролошка организација.

Така, 2019 година се наоѓа на второто или третото место, по најжешката 2016 година, чии високи температури тогаш придонесоа за природниот феномен на Ел Нињо.

Декадата 2010-2019 година „сосема сигурно“ ќе биде најжешката досега регистрирана, оценува Светската метеоролошка организација.

Фото: EPA/ROBIN UTRECHT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...