Косово излезе од енергетскиот пазар на Србија

Официјален Белград сѐ уште нема коментар.

312

Косовските и албанските електродистрибутери КОСТТ и ОСТ потпишаа договор во Тирана за воспоставување заеднички енергетски систем кој ќе стави крај на децениската зависност на Косово од мрежата за електрична енергија во Србија, јавуваат косовските медиуми.

Договорот е потпишан со знаење на Европската мрежа на оператори на електропреносниот систем (ЕНТСО) и се очекува да стапи на сила во април 2020 година.

Официјален Белград сѐ уште нема коментар.

Извршниот директор на КОСТТ, Илир Шала рече дека со потпишувањето на договорот „Косово ќе се оттргне од Електромрежа на Србија (ЕМС) и ќе стане дел од ОСТ“.

– Ова е историски договор за Косово и КОСТТ, затоа што досега, како КОСТТ, ние бевме дел од регулаторниот блок на ЕМС (Србија, Црна Гора и Северна Македонија). Со потпишувањето на договорот и негово спроведување во април 2020 година, ние дефинитивно ќе се одвоиме од српскиот регулаторен простор и стануваме дел од регулаторниот блок со Албанија – рече Шала.

Генералниот директор на ОСТ Скерди Дренова рече дека договорот „создава поволни услови за оптимално користење на производните ресурси во рамките на блокот“, јавуваат косовските медиуми.

Србија и Косово потпишаа договор за управување со заедничката електро мрежа во 2015 година, но договорот никогаш не стапи во сила. Двете страни ја присвојуваат мрежата на Косово, изградена додека Косово беше дел од Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...