Поднесено официјално обвинение против Нетанјаху

Тоа е првпат во историјата на Израел, актуелен премиер да биде обвинет за криминал.

66
EPA/JIM LO SCALZO

Израелскиот врховен обвинител Авихај Манделблит денеска официјално поднесе обвинение против премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сега има на располагање 30 дена да бара имунитет.

Долгогодишниот израелски лидер е обвинет за поткуп, измама и злоупотреба на довербата во три одделни корупциски случаи. Поднесеното обвинение е на 77 страници.

Тоа е првпат во историјата на Израел, актуелен премиер да биде обвинет за криминал.

Во Израел постои политички застој по вторите одржани избори оваа година, на кои нема конкретен победник и не се очекува Нетанјаху да побара или добие парламентарен имунитет од кривично гонење.

Во обвинението е наведено дека ќе му се суди во Окружниот суд во Ерусалим, а се напишани и имињата на 333 сведоци, кои главниот обвинител би можел да ги повика да сведочат.

Нетанјаху демантира дека направил нешто лошо и ги отфрла повиците да поднесе оставка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...