Од денеска „Пријателство“ и од Демир Капија до Смоквица

Изградбата на овој дел од автопатот  во должина од 28 километри траеше шест години и чинеше 270 милиони евра.

1195

Со свечена церемонија, на која ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, претставници на Директоратот за проширување на Европската Унија, највисоките претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје и други, денеска ќе биде пуштена во уп делницата Демир Капија – Смоквица на автопатот „Пријателство“.

Се очекува официјално присуство на претставник на централната власт на Република Грција, како и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.

Изградбата на овој дел од автопатот  во должина од 28 километри траеше шест години и чинеше 270 милиони евра. Автопатот има два тунела од по 1.200 метри и шест мостови. Изведувач на работите беше грчката компанија „Актор“. Финансирањето и изградабата на автопатот беше проследено со афери, по што се отворени две истраги – една во Грција и една во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...