Извршителите на отворни денови ќе ги информираат граѓаните за работата

Членовите на Комората на прес-конференцијата посочија дека најдобро е граѓанинот штом добие налог веднаш да дојде кај извршителот, да не чека да помине време.

129

Комората на извршители ќе ги отвори своите канцеларии за граѓаните за да можат да се  информираат за постапката на извршување и остварување на своите права.

Како причина за организирање на отворените денови, претседателот на Комората на извршители Зоран Димов ги посочи протестите кои се организраат против извршителите од страна на одреден број граѓани, кои сметаат дека, како што кажа, сите средства по кои извршителите ги извршуваат налозите им припаѓаат ним, не правејќи разлика меѓу главен долг, камата, нотарски, адвокатски и извршни трошоци. На протестите, додаде тој, кои продолжуваат со пожесток интензитет, извршителите се неосновано клеветени и навредувани со мнозу низок вокабулар со кој се руши нивниот авторитет.

Според него, граѓаните се често неинформирани, не се доволно правно заштитени и не се упатени во постапките на донесување на извршните исправи.

– И кога таквата извршна исправа е донесена, тие се соочуваат со извршителот. Заради обезбедување на законитоста на извршувањето покрај дисциплинската одговорност на извршителот за повреда на правилата за извршување со Законот за извршување се обезбедува и судска заштита против незаконитости при спроведување на извршувањето – рече Димов.

Членовите на Комората на прес-конференцијата посочија дека најдобро е граѓанинот штом добие налог веднаш да дојде кај извршителот, да не чека да помине време.

Димов потсети дека заради заштита на граѓаните од поранешниот неефикасен судски систем донесен е и закон за отпишување на камата за наплата на долгови кои произлегуваат од комунални дејности од 2018 година.

– Комората забележува дека има многу мал број на побарувања кои се повлечени по основ на овој закон и сметаме дека во периодот кој следи треба да се зголеми интензитетот на примена на овие законски одредби – рече Димов.

Можеби е добро, предлага тој, практично да се размислува во насока на римското начело DE MINIMUSA NON JUDICA PRETOR односно дека „судијата не треба да решава за ситници“.

-Да се донесе закон со кој комуналните побарувања би требало да се утужуваат за повеќе сметки одеднаш, а не за секоја заостаната сметка, со што дополнително би се намалиле трошоците на извршување – вели Димов.

Според Комората со донесувањето на такви законски одредби се наруши работата на извршителските канцеларии и за периодот од 2018 година за разлика од периодот од 2017 година, извршителите наплатиле во корист на доверителите помалку средства за околу 50 милиони евра.

– Извршителите се поврзуваат со некакви спреги меѓу нотарите, адвокатите и судовите без да се дадат конкретни докази за тоа. Доколку постојат такви состојби Комората не ги поддржува, иако досега сите оние кои тврдат дека постојат такви спреги, тие ги немаат поткрепено со никакви докази – смета Димов.

Димков и неговиоте колеги ги отфрлаат барања извршителската дејност да се врати во надлежност на судовите прецизирајќи дека тогаш повторно би дошло до неефикасност. Нашиот систем, велат од Комората, е преземен од холандскиот, кој постои повеќе од 200 години.

Претседателот на Комората информираше дека за незаконито работење еден извршител е суспендиран, а еден е разрешен, без да прецизира за кои извршители станува збор и какви незаконски дејствија направиле. Разрешувањето и суспензијата биле по барање на претседателот на Комората. Ова е втор пат да се покрене некаква постапка за извршител. Првиот пат тоа се случило во 2008 година.

За 13 години постоење извршителите наплатиле 1,2 милијарди евра и тие, како што рече Димов, им се вратени на доверителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...