The Banker по 10. пат ја прогласи НЛБ за најдобра банка во државава

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година и добивка од 23,7 милиони евра за првите девет месеци од 2019 година.

79

НЛБ Банка по 10. пат ја доби престижната награда на реномираниот финансиски магазин „The Banker“ со која е прогласена за најдобра банка во државава.

Официјалното доделување на глобалните и регионални награди за најдобрите во банкарството за 2019 година се одржа синоќа во Лондон, во друштво на најдобрите банки од над 140 земји во светот.

Изборот за најдобра банка магазинот The Banker го прави врз основа на повеќе параметри и критериуми: постигнати финансиски резултати, способност за генерирање профит, развој на нови производи, услуги и технологии, опслужување на клиенти и стратешка предност во однос на конкуренција.

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година и добивка од 23,7 милиони евра за првите девет месеци од 2019 година.

The Banker е британски магазин во сопственост на The Financial Times Ltd. Главниот фокус на The Banker се теми поврзани со глобалниот финансиски пејзаж, во кој се содржани мислења, профили и интервјуа со водечки банкарски и финансиски фигури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...