Казна за паркирање на Ринго Стар на аукција со почетна цена од 1.500 фунти

253

Тркалезни очила за сонце што му припаѓале на Џон Ленон и казна за паркирање на Ринго Стар, наредната седмица ќе бидат понудени на интернет-аукција на „Сотби“.

Поранешниот возач на познатата британска поп-рок група – „Битлс“, Алан Херинг, со години ги чувал овие предмети, но „сега сака само да ги сочува сеќавањата“, како што самиот изјави.

Казната за непрописно паркирање во износ од две фунти, напишана на име на тапанарот во април 1969 година, денес се проценува на околу 1.500 фунти (1.770 евра).

Оштетените „ленонки“ пак, очила типични за стилот на Џон Ленон во 1960-тите, па сè до неговата смрт, биле заборавени на задното седиште на „мерцедесот“ 1968 година.

Интернет-наддавањето ќе трае од 6. до 13. декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...