Во италијанскиот приморски град Лече,полиција заплени тон марихуана која со моторен чамец била транспортирана од Албанија.
Во акцијата е уапсен албанскиот државјанин М.Назерај (34), додека по друг се трага.
Дрогата е запленета во соработка на албанската полицијата ,Гуарда ди финанца а во акцијата бил вклучен и хеликоптер на Фронтекс и други пловни средства,кои го следеле моторниот чамец.
Шверцерите, најпрво во морските води ги фрлиле пакетите со дрога, а во близина на италијанскиот брег скокнале во морските води во обид да и избегаат на полицијата, но тоа му успеало само на едниот од нив.
Инаку, во изминатите два дена албанската полиција заплени околу 750 килограни марихуана.Во селото Крапс,полицијата од Фиер запленила 310 килограми марихуана и уапсила три лица сите од Валона.
Претходно, во местото Туман, запленети се 422 килограма марихуана,уапсено е едно лице,поранешен цариник, од споменатиот град,но кој поголем дел од годината живеел во Турција. По припадник на полицијата неговите колеги се уште трагаат.
Грчката полиција попладнево запленила килограм кокаин, што го открила при контрола на автобусот кој сообраќал на релација Атина-Тирана. Возилото припаѓало на грчка транспортна компанија а возачот е грчки државјанин од албанско потекло.
ФОТО: Архива