Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предупреди дека нуклеарната криза во Северна Кореја е „далеку од завршена”.
Ова тој го порача еден ден откако Пјонгјанг објави дека ќе ги прекине нуклеарните и ракетните проби.
„Ние сме далеку од крајот на севернокорејската криза, можеби работите ќе функционираат, но можеби и не, тоа само време ќе го покаже“, напиша американскиот претседател на Твитер.
Претседателот на САД додаде дека она што тој го прави сега „одамна требало да биде направено”.
Според предвиденото, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се сретне со Трамп најверојатно во мај или јуни.