Почнува 21-то издание на Таксират

56

Со ПИН музичка конференција и  шоукејс, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, денеска почнува 21-во издание на ТАКСИРАТ, денови посветени на културата и уметноста.

Во кино Фросина, вечер ќе се одржи панел насловен „Излажи ме!“, на којa ќе се дискутира со градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов, и со претставници од културниот сектор: Васил Ѓуроски, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска и Небојша Вилиќ.

Вечерта ќе биде музички збогатена со настапите на чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат над 30 бесплатни концерти на групи од 13 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...